„Не дај Боже на некој да му се случи тоа што мене ми се случи“ - се огласи сопругата на Шабан Шаулиќ 6 месеци по неговата смрт

 

После половина година откако ѝ почина сопругот, кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ, неговата вдовица Гоца Шаулиќ и понатаму со кнедла во грлото зборува за него.

Лузната која ја носи после неговото заминување уште не  зараснала, а сеќавањата ѝ будат емоции.

После трагичната смрт, Гоца ретко излегува во јавност.

-Животот оди полека...Ден по ден. Ќе видам како понатаму - со треперлив глас рекла за српските медиуми Гоца, воздржувајќи се да не заплаче.

-Како можам да бидам кога после 44 години останав сама? Не дај Боже никому да му се случи ова - тивко рекла Гоца, која собирала сила да продолжи да зборува за покојниот сопруг на која секогаш му била ветер во грб и поддршка за време на кариерата.

Изминативе месеци во српските медиуми можеа да се прочитаат шпекулации во врска со наследството на покојниот крал на народната музика, неговите наводни долгови и слични работи, а вдовицата на Шабан не сака да се занимава со тие работи, затоа што и понатаму е во жалост по сопругот.

-Јас сум во жалост. Кој не е, нека се занимава со глупости - кратко рекла Гоца.

Како што пишуваат српските медиуми, Гоца болката и тагата по покојниот сопруг ги лекува со одење во Крчедин, викендичката каде пејачот најмногу одел во слободно време.

-Крчедин е местото на Шабан. Тоа го знаат сите кои го познаваа. Беше најсреќен таму додека со пријателите риболовеше и токму поради таа причина барем еднаш неделно одам таму - рекла таа.

Во семејството Шаулиќ после тешките моменти ќе има и прослава. Неговиот син Михајло планира свадба, а во сабота внуката на Шаулиќ полни три години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега