„Дали ѝ рекоа да ослабе?“ - порака од Џорџ Клуни до сите жени со вишок килограми
Непотребно е да се зборува за количината шарм која ја има актерот Џорџ Клуни, Мажите како него се толку ретки што скоро секоја негова реченица може да се смести во книгата со бонтон правила, а потоа истата да се чита пред спиење. Тогаш можеби овој свет би бил поубаво место за живеење, а жените би се чувствувале попријатно во својата кожа.
Џулија Вилан во јавноста споделила изјава на Џорџ Клуни за своите колешки, како разбирање за притисокот под кој се за да ја постигнат идеалната линија. Се се случувало за време на снимањето на серијата „ЕР“ во која Клуни имал главна улога.
„Почнуваме со снимање, се прават последните подготовки, а потоа слушнав како некој тивко му зборува на Џорџ: „Дали слушна што ѝ рекле на Џулија?“.
Клуни: „Дали ѝ рекоа да ослабе?“
-Да.
Клуни: „Дали им рече да се носат по ѓаволите?“
-Аха.
Клуни:„Добро им рекла“.
„Тогаш се заљубив во него. Кога и во кариерата да ми речеа дека морам да ослабам, го слушав гласот на Џорџ како ми вели да им кажат да се носат по ѓаволите“, напишала Вилан на Твитер.
Таа исто така напишала дека стандардите во Холивуд за женското тело биле брутални за време на 90-те, затоа што немало „разновидност во изгледот“, како што тоа е случај денес, пишува Ноиз.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа