Катарина Ивановска ја објави првата фотографија од ќерката
Манекенката Катарина Ивановска вчера се породи и на свет ја донесе ќерката Кира, а прва веста ја соопшти Тамара.
По пристигнувањето на Кира, нејзините најмили и најблиски славеа во кафана, а главна беше повторно Тодевска која ги веселеше присутните во ресторанот.
А утринава Катарина на социјалните мрежи ја објави првата фотографија од ќерката, поточно од нејзините мали нозе.
„19.09.2019, бебето Кира“ напиша моделот во описот на фотографијата.
20.09.2019 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа