Се прослави со скандали, а сега Азис вели дека не е веќе трансвестит

 

Азис, бугарската естрадна ѕвезда, на почетокот на овој век правеше разновидни естрадни скандали со што стана многу популарен. Но сега тоа е зад него. Не е веќе трансвестит, ниту се облекува како женско. И успеа во тоа, да заличи на маж.

– Сега конечно на сите ви е јасно дека сум нормален маж кој се пали на жените. Вистинското име ми е Васил, а ова Азис ми е уметничко со кое станав популарен и надвор од Бугарија. Семејството ми е сè.

Како вода на дланка ја гледам мојата ќерка Раја. Искрено да ви кажам, популарноста веќе ме заморува, сакам да се повлечам на некое време, да се одморам од сè. Да одам подалеку од Бугарија, таму некаде каде што никој не ме познава, да бидам анонимен, уморно изјави Азис пред новинарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега