Првата жена ја запознал во стриптиз клуб - Љубовниот живот на Бреговиќ е како филм
И додека е на прагот да го прослави својот 70. роденден, Горан Бреговиќ може да се пофали со доста исполнет и бурен живот зад себе од кој би можел да се сними и филм кој сигурно би бил еден од најгледаните.
Од моментот кога како тинејџер се појавил во светот на музиката и сцената, бил обожаван од припадничките на понежниот пол, а тој о една прилика раскажа дека страста кон жените му се јавила на 17. години кога свирел во стриптиз бар. Во тоа време запловил во врска со извесна Јасенка која ја запознал во стриптиз барот. Од таа љубов на 20. години ја добил ќерката Жељка, и така таа станала прва негова најголема љубов. Денес таа живее во Австралија и има две деца.
Поврзуван е подоцна со многу жени, Маја Саблиќ, која во 1979 година на снимањето на филмот “Личне ствари“ се заљубила во него. Во осумдесетите години новинарката Алка Вуица дошла во Сараево да направи интервју со фронтменот на “Бијело дугме“ па започнале врска. Бил и со Љиљана Тица со која се забавувал две години. Подоцна таа открила дека врската била бурна и дека Горан бил многу љубоморен. Нејзе и ја посвети песната “Битанга и принцеза“.
Бреговиќ одлучил да се смири, во 1993 години се венча со Џенана Суџука со која има три деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа