Ќе платите голема казна - Внимавајте на улиците за најавеното невреме
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти меѓу6и 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, додека вече од четврток следи влажен бран. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Во деновите кога ќе врне внимавајте бидејќи може да платите голема казна за еден прекршок, а тоа е прскањето на пешак. За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или ако полицаец биде сведок на настанот, а ако нема полицаец следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.
Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа