Домашен лек за псоријаза - Го решава проблемот од кој се срамат многумина
Направете домашен лек против псоријаза кој можете лесно и едноставно да се користи и навистина помага за подобрување на состојбата.
Во литарско шише или тегла ставете цветови од кантарион, ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева.
Во шишето потоа се додава масло – најдобро е маслиново или сончогледово.
Теглата треба да стои затворена на сончево место 3 до 4 недели. Ќе знаете дека е готово кога маслото ќе стане црвено. Се прецедува низ газа.
Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша.
Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа