Премиер и подарил 16 милиони долари за костими за капење на убавицата која ја запознал во луксузен хотел
Либанскиот премиер Саад Харири и дал повеќе од 15 милиони долари на манекенката за костими за капење од Јужна Африка, покажале судските документи.
Харири, кој е оженет и има три деца, ја запознал Кандис ван дер Мерве во луксузно одморалиште на Сејшелите пред шест години.
Судските документи покажале дека манекенката добила речиси 15,3 милиони долари од Харири во 2013-та година, пишува "Daily Mail".
New York Times пренел дека Харири на девојката и дал уште милион долари, а со овие пари го спонзорирал луксузниот живот на манекенката.
Богатството на премиерот се проценува на 1,5 милијарди долари, а не постојат показатели дека проневерил државни средства.
Парите ги наследил од својот татко Рафик Харири, кој бил убиен во 2005-та година.
Јужноафриканскиот суд соопштил дека парите и биле префрлени на девојката кога тој не бил на власт.
Кандис ван дер Мерве рекла дека на Сејшелите била однесена кога имала 19 години, а клубот во кој била го посетувале некои од најбогатите луѓе на светот.
Таа рекла дека моделите рутински се носат во клубот "за да се постигне чувство на гламур и ексклузивност".
Даночната управа тврди дека таа уште треба да плати данок за "Audi R8 Spider", како и за "Land Rover Evoke".
Според судските документи, Ван Дер Мерве ги тужи јужноафриканските власти за 65 милиони долари поради обид да го истражат нејзиното богатство.
Нејзиниот имот, како што рекла, бил замрзнат за време на истрагата, а морала и да продаде некои работи.
Нејзиниот правен тим рекол дека бара отштета поради влијанието на даночната истрага на нејзината кариера.
"Нејзината врска со Харири е прекината, што резултирало со загуба на финансиската добивка која ја добила од врската", рекле нејзините адвокати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа