„Се плашам од смртта“ - Марина Туцаковиќ проговори за тешката болест низ која поминува
Српската композиторка Марина Туцаковиќ храбро се бори со карциномот и не дозволува на тој пат ништо да ја поколеба.
Таа открила каква е нејзината здравствена состојба, нешто за семејството и најголемите музички ѕвезди.
-Добро се чувствувам, подобро од претходно. Борбата трае со години, не може преку ноќ да се реши. Оваа недела треба да направам анализи, чекам нова инјекција да стигне од институтот за онкологија - рекла Марина за „Курир.рс“.
-Имав неколку хемотерапии, па докторката ми даде хормонска терапија. Примам некои вакцини на 6 месеци. Им препорачувам на луѓето на време да се обратат кај докторите како и јас што направив - посоветувала Туцаковиќ.
Марина рекла дека и се плаши од смртта, но дека не треба за тоа да се размислува. Вели дека многу луѓе ѝ бараат совети, но дека не сака да зборува за тоа, туку раскажува низ што поминала/
-Нормално е дека се плашам од смртта/ Сите се плашиме. Не треба за тоа да се размислува. Еве јас сега ќе одам да купам супа и верувајте ми сакам само да мислам на убавите работи - рекла Марина и додала дека има инспирација се повеќе да работи.
-Јелена Карлеуша ми даде голема поддршка. Иако е во тешка ситуација, таа мене ме советуваше. Сега треба да соработуваме, малку работам бавно, па и не ми се работи, но ете, ќе се покренам - открила Марина.
Кога станува збор за пишување на текстови, таа рекла дека најтешко ѝ е да пишува за Карлеуша.
-Цеца навикна на мојот стил, ние сме феноменален спој - се пофалила Марина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа