Најефикасно решение против овие штетници - трик со кој ќе се ослободите од досадните смрдливки

 

Градинарите знаат за трикот со растворот од сода бикарбона во вода, со кој се прскаат билките за да се заштитат од штетници, а во народот се верува дека смрдливките бегаат од мирисот на лук и нане.

Во вистински студените денови смрдливките се во потрага по топлите и суви простории, па влегуваат во нашите домови за да се сокријат од студот и да презимат.

Внатре влегуваат преку отворените прозори, пукнатини во фасадата или низ прозори кои не се добро изолирани.

Токму затоа лук и нане треба да поставите кај влезната врата или на надворешните даски од прозорите и на другите места низ кои може да поминат.

Друга, можеби подобра варијатна е да стави вода и неколку капки етерично масло од нане во прскалка и да се испрскаат надворешни рамки од прозорите, влезната и балконската врата.

Секако, мрежата за прозори е исто така добро решение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега