Стеван и Анѓелка растажија многумина: Секој ден со месеци ја турка сопругата во инвалидска количка 2,5 километри
77-годишниот Стеван Милијашевиќ секој ден ја турка својата сопруга Анѓелка која е во инвалидска количка до селската амбуланта. Таа глетка вчера растажи многумина.
Стеван од Гламочан, ја турка својата сопруга секој ден до селската амбуланта оддалечена 2,5 километри од нивната куќа. Какви и да се врмеенските неприлики, овој брачен пар мора да оди до амбулантата на преврска.
Ако сакаат медицинската сестра да дојде до кај нив, мора да платат 10 германски марки, а изминатите 8 месеци Анѓелка е прикована за кревет, пишува rtv.BNcom.
-Мојата сопруга веќе долго време боледува од дијабетес, а после повредата на ногата се тргна наопаку. Отстранети ? се прстите и дел од стапалата, а но закрепнувањето оди тешко, стана неподвижна и којзнае што ќе се случува - вели загрижениот Стеван.
Тие немаат блиски роднини кои би им помогнале. Скромната пензија на Стеван едвај покрива за лекови за него и неа. Немаат ниту деца, а неизмерно се благодарни, како што велат, на Нена Ждрал која им подарила инвалидска количка која ја имала од покојниот сопруг.
-Количката ми доаѓа како автомобил. Тоа е голема помош и многу сум ? благодарен на госпоѓата - вели Стеван кој прави се за да ? олесни на својата сопруа. Вели дека не сака да проси, но дека секоја помош би му била добредојдена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа