Рекла дека по 21-то дете повеќе нема да раѓа, а сега повторно има среќни вести (ВИДЕО)
Откако го родила 21-то дете, се заколнала дека повеќе нема да раѓа, но медиумите откриле дека 44-годишната Сузан Радфорд и нејзиниот 47-годишен сопруг Ноел од Велика Брианија имаат весели вести: Сузан е трудна по 22-ри пат!
Сузан за првпат забременила кога имала само 13 години, а Ноел тогаш имал само 17 години.
Овие денови, парот објавил снимка од ултразвукот на Јутјуб, на која се гледа дека Сузан е во 15-тата недела од бременоста, па ќе почекаат за да го дознаат полот. Но, мајката вели дека посакува уште едно момче.
Сузан и Ноел биле одлучни да го задржат детето и таа го родила кога имала 14 години. Се венчале 4 години подоцна и наскоро го очекувале второто дете – една година подоцна, таа повторно била бремена и така година по година – семејството почнало да расте.
Нивното најстаро дете Крис има 30 години, а по него ја добиле Софи која денес има 25 години. Потоа следеле Клои, па Џек, Даниел, Лук и Мили. Следни биле Кејти, Џејмс, Ели, Ејми и Џош, по кои се родени и Макс, Тили, Оскар, Каспер, Хали, Фиби, Арчи и Бони која сè уште нема ни една година. За жал, нивното 17-то дете Алфи, починало при раѓањето.
Ноел во еден разговор за медиумите изјавил дека на почетокот сметале дека ќе имаат три до четири деца, но како што растело семејството, тие започнале да се привикнуваат и уживале во тоа да имаат големо семејство.
Сепак, по 9-тото дете сериозно одлучиле дека тука е крајот, по што Ноел се подложил на вазектомија. Но, набрзо заминал нa “обратна” операција за повторно да стане плоден и – оттаму започнале да ги добиваат и останатите деца.
Уште неколку пати парот изјавил дека повеќе нема да има деца, сè до раѓањето на 21-то дете кога Сузан на една телевизиска емисија се заколнала дека повеќе нема да раѓа.
Двете нивни најстари деца, Крис и Софи повеќе не живеат со нив бидејќи основале свои семејства. Со тоа, Сузан и Ноел веќе се баба и дедо бидејќи најстарата ќерка има три деца, пишува “Daily Mail”. Инаку, медиумите веќе ги прогласија за најголемото семејство во Велика Британија бидејќи засега немаат конкуренција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа