Кеба повреден за време на снимањето- завршил на ургентно

 

Пејачот бил позади завесата која требала да се подигне за време на имитацијата од Џејмс Браун, но не била подигната на време, а кога се подигнала го турнала и бутнала неколку метри.

„Што се однесува до тоа како сум, можам да кажам и вака и онака. Го повредив десното рамо и тоа е среќна околност, бидејќи пред неколку години го повредив левото. Да го повредев истото, можеше да биде и полошо“, вели пејачот.

Неколку минути пред оваа имитација пејачот заедно со Кнез на сцената пеел песна од Есма Реџепова, а после завршувањето почнала и песната од Џејмс Браун. Бендот веќе бил на сцена, а големата завеса позади бината, не била подигната на време бидејќи дошло до грешка помеѓу сценските работници.

„Не бев свесен што се случува, но морав да станам. Никогаш не сум реагирал побрзо“, вели Кеба кој не сакал да се откаже и покрај болката.

„Во тој момент почувствував силна болка, но стегнав заби и издржав. Ми пријде главниот човек, но му реков дека сакам да ја завршам улогата додека болката е уште „топла“. Штом завршив со имитацијата реков дека морам во Брза помош“ , раскажал пејачот.

Веднаш отишол во ургентниот центар со сценската шминка која не стигнал да ја извади.

„Луѓето ме гледаа како да сум луд, минатиот пат дојдов како Северина“ се сети Кеба кој вели дека сега ќе му даваат помирни улоги. Нема намера никого да криви, целата ситуација според него е незгода која никој не сакал намерно да ја предизвика.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2019 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега