Ги истетовирала очите па ослепела - “Тоа што си го направив е брутално“
Амбер Лук од Австралија била слепа три недели откако ги истетовирала очите. Целото нејзино тело е истетовирано, вклучувајќи ја и нејзината глава. На неа има повеќе од 200 тетоважи.
Оваа 24-годишна девојка истакнала дека тетоважата на очите била еден од најопасните зафати.
“Не можам да опишам како се чувствував“ - изјавила таа.
Тоа што го направила со своите очи изјавила дека е “многу брутално“.
“За жал мојот уметник премногу длабоко го зафати моето очно јаболко. Доколку тоа се направи на вистинки начин тогаш не можете да ослепите. Јас бев слепа три недели“ - се присетила Лук.
Тетовирањето на очите го нарекла едно од нејзините последни “екстремни модификации“.
Таа сака нејзиното тело во целост да биде покриено со тетоважи до март 2020-та година.
Според нејзините зборови, зафатите кои се прават на нејзиното тело се многу интензивни и многу болни.
Нејзината мајка рекла дека се расплакала кога ќерка ѝ ги тетовирала нејзините очи.
Лук на Инстаграм има 137.000 следбеници. Од својата 14 година своите фотографии таа ги споделува на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа