Цеца не откри детали за свадбата, но кажа што мисли за идната снаа Богдана
Подготовките за свадба на Вељко и Богдана која е закажана за на 24 ноември се во полн ек, а фолк дивата Цеца не крие дека е пресреќна поради тоа.
- Имаше многу прашања кога соопштивме дека ќе има свадба, но едноставно не сакав да коментирам, тоа е веселба на едно семејство, уствари две и тоа е тоа. Мислам дека е тоа приватен чин, а ние сме експонирани луѓе, па можам и да разберам зошто луѓето ги интересира тоа, рекла пејачката.
Таа навела и дека припремите се во тек.
- Организацијата оди одлично, имам искуство во слични работи, полнолестство на Вељко и после на Анасатасија, па иако ова е поинако сепак нема да ми биде тешко, рекла Цеца.
Богдана е бремена, а фолк ѕвездата има само пофални зборови за идната снаа.
- Двајцата веќе подолго време живеат заедно, верени се и во сериозна врска, заедно планираат иднина. Беше тоа едно пријатно и убаво изненадување и за двете семејства, сите сме среќни и се радуваме на новиот чќен, само нека е живо и здраво бебето, но и моите деца, ништо друго не е битно.
Ќе добијам снаа каква само може да се посака, целосно се вклопи во нашето семејство, тие се прекрасни луѓе, а таа е од едно домаќинско семејство, сите сме среќни и задоволни, тоа е најважно- рекла Цеца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа