Рада Манојловиќ не е единствената- уште една српска пејачка депортирана од Швајцарија
Деновиве популарната српска пејачка Рада Манојловиќ беше депортирана од Швајцарија во Србија. Таа беше задржана на аеродромот во Цирих, а бидејќи немаше работна виза не и беше дозволен престој и настап во земјата, туку беше вратена назад.
Но, Манојловиќ не е единствената што поминала низ ова. Истото ова претходно и се случило и на Катарина Живковиќ, која после сегашниот инцидент проговори јавно и за нејзиниот случај.
- Ме снајде истото како Рада, бидејќи немав работна виза. Се сеќавам дека ме однесоа во една просторија на аеродромот за луѓе кои чекаат да бидат депортирани. Бидејќи не сакав да бидам со другите, платив 100 долари за да бидам сама во „ќелија“ како што ја нареков. Тоа е просторија што изгледа како спална соба “, рече Катарина.
Таа додаде дека кон неа не се однесувале непријатно, но самата ситуација за неа била одвратна и едвај чекала да се врати во Белград за да се истушира наспие како нормална личност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа