ФОТО: Девојка 20 години трпела огромни главоболки - мислела дека има тумор, но преку анализа сфатила дека се труе сама себе

 

31-годишната Леја Харисон две години страдала од страшна мигрена, а стравувала дека причинат за големата главоболка е тумор на мозкот.

Дури во февруари оваа година, направила анализа на крвта, која покажала дека Леја има интолеранција на неколку групи намирници.

-Сакав да јадам макарони со сирење, тост со сирење, тестенини со сирење...Сепак, се испостави дека сирењето не ме сака мене“ се пошегувала оваа Британка. Уште од мала имала толку силни главоболки што дури плачела од болка. Дури деталната анализа утврдила која е вистинската причина за тоа.

Со мигрената се борела со големи дози таблети против болка, а се обидувала и да ги преспие. Понекогаш спиела и по 24 часа одеднаш. Се плашела дека има тумор на мозокот, затоа што и нејзиниот вујко починал од таа тешка болест.

Анализата на крвта покажала дека Леја има интолеранција на млечни производи, јајца, квасец и пченично брашно. Соочувајќи се со дијагнозата, девојката била присилена да направи голем пресврт во своите навики.

Главоболките, како што вели - веднаш исчезнале откако се откажала од своето омилено јадење - макарони со сирење.

„Сега можам подобро да функционирам на работа. Подобро се фокусирам и не сум толку уморна после ручек“, рекла Леја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега