Путин откри како се заштитува од грип и вируси (ВИДЕО)

 

Рускиот претседател Владимир Путин, вчера на состанок со своите најблиски соработници рекол дека ја примил вакцината против сезонски грип и  ги повика и останатите да го следат неговиот пример.

Путин прашал колкумина од нив досега ја примиле вакцината, а се јавиле само тројца од неговите соработници.

„Ако добиете грип, тоа е како да сте си пукале себе си во нога, како да ви објаснам поинаку, сте можеле да се заштитите, а не сте“ рекол Путин.

Неговиот потпарол рекол дека Путин посветувва големо внимание на превентива, да се заштити од вируси и бактерии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега