Пристигна лекот „Спинраза“ - малиот Јане конечно ќе ја добие терапијата која му е потребна
По двегодишно одложување, за првпат заболените од спинална мускулна атрофија во земјава го добија лекот „Спинраза“.
Јане Велковски, херојот од Македонија, 11 годишното момче кое стана симбол на борбата на пациентите со оваа болест ќе го добие лекот кој се користи за третман на децата и на возрасните пациенти кои боледуваат од оваа ретка болест, пренесува дриблинг.мк.
Најголемиот сон на малиот Јане е да игра фудбал, па се надеваме дека таа желба ќе му се исполни.
Селекторот Игор Ангеловски со специјална порака посветена на еден од најголемите навивачи на националниот фудбалски тим.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа