Како изгледа животот на повеќето пензионери во Германија: Ханс работел до 65 години, а сега едвај преживува
Да се излезе понекогаш, да се седне во кафуле, да се испие кафе и да се изеде колач - тоа ми недостасува, вели Германецот, Ханс Рудолф В.
Додека бил млад и работел не можел да замисли ниту еден ден без да отиде во кафуле, кое сега е луксуз кој не може да си го приушти.
Сепак, откако е во пензија овој 77-годишник своето време главно го поминува дома со сопругата. Со чипкани завеси на прозорците и двосед со карирана навлака нивниот стан во Бон делува како типичен мал стан на пензионери, пренесува Курир.рс
Но, по нешто тие двајца сепак се разликуваат: на располагање имаат помалце пари од повеќето пензионери. Имаат само за да ги покријат основните потреби: за храна, режии и осигурување.
„Мојата сопруга имаше една операција на главата и повеќе не јаде толку како претходно. А и јас имав некои операции и сега помалку јадам. Така успеваме да составиме крај со крај“, рекол Ханс.
Ханс месечно прима 335 евра пензија. Тоа е од прилика третина од она што во Германија важи како граница за сиромаштија. А, работел цел живот. Првата работа, веднаш по завршувањето на училиштето ја нашол во една банка, потоа работел како таксист и домар. На 65 години се пензионирал и веднаш испратил барање за доделување социјална помош, така наречено „основно осигурвање“.
Тоа се примања со кои германската држава ја покрива разликата межу вистинскиот износ на пензијата и законски одредениот минимален износ на социјална помош. Тој минимален износ стои на располагање на секој граѓанин - без оглед колку плаќал во германските системи.
Оттогаш Центарот за социјална работа ја плаќа наемнината за двособниот стан на брачниот пар. Со тоа, тие двајца добиваат и 300 евра за плаќање сметки, пред се електрична енергија и греење.
Не се единствени кои се во таква ситуација. Според податоците на Германскиот институт за истражување на земјоделието има скоро 17 отсто пензионери кои некогаш работеле како државни службеници, а кои се сиромашни пензионери. А, во студија објавена кон средината на годината, авторите проценуваат дека следните 20 години нивниот број може да се зголеми на 21,6 отсто.
За да се избегне тоа, претставниците на големата коалиција во Германија се договориле за воведување на таканаречена основна пензија во земјата.
Основната идеја е: секој кој најмалку 35 години редовно исплаќал законски прописно придонеси треба до 2021 година да добива пензија која е барем 10 отсто повисока од износот на основното осигурување. И тоа без оглед колкав бил износот на неговото пензионерско осигурување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа