ФОТО: Беше најпознат пејач во 90-те, а сега мајка му го фотографираше во потресно издание - „Мама ќе се погрижи за тебе“

 

Арон Картер на кој сигурно се сеќавате од детството, кој е брат на член на популарната група „Backstreet boys", Ник Картер, денес има 31 година, а повеќе паи се лекувал од зависност и ментални проблеми.

Неодамна одекна веста дека Арон им се заканувал на членовите на неговото семејство, на сестрите и браќата, како и на бремената сопруга на неговиот брат Ник.

После заканите, Арон се огласи на Инстаграм и се пофали со новата тетоважа - преку лицето ја истетовирал пејачката Ријана.

Картер одбивал помош, па на истата душтвена мрежа напишал дека „тој е нјаголем музичар на денешницата“ и дека неговото време допрва доаѓа.

Меѓутоа, наместо тоа дошло до хоспитализација, а неговата мајка Џејн за магазинот „ТМЗ“ вели дека итно го однела на тестирање и инфузија откако се појавил кај неа дома послаб од било кога.

Не се сеуште познати лекарските наоди за пејачот, но тој со своите следбеници на Инстаграм споделил фотографија од болнички кревет, додека во опис напишал: „Мама ќе се погрижи за тебе“.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Mommas gonna take care of you

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter) on Nov 14, 2019 at 9:48am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега