Предизвикува чир и рак на желудник - Симптоми на опасната хеликобактери
Повраќање, болка, надуеност. Една од најчестите инфекции во светот е инфекцијата на желудникот со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да ги предизвика сите овие проблеми, па во крајна фаза и рак.
Најновите медицински испитувања покажуваат дека оваа бактерија има живеалиште кај 80-90% од луѓето во неразвиените земји. Локализирана е во слузта над епителот на желудникот, каде има совршени услови за живот и до неколку децении.
Голем број лица со инфекцијата немаат стомачни тегоби. Кога се присутни, најчесто се јавуваат болки во горните делови на стомакот, мачнина, надуеност, отежнато варење, некогаш и повраќање. Кога ќе дојде до настанок на улкус, т.е. чир, болките или чувството на печење во горните делови на стомакот се зголемуваат, често се јавуваат еден час или повеќе после оброкот и многу често во текот на ноќта. Овие симптоми најчесто се намалуваат или времено се отстрануваат со лекови кои го намалуваат или спречуваат лачењето на желудочната киселина.
За хеликобактери постои чај, се препорачуваат брусници и брокула, и секако здрава исхрана, да се избегнува шеќер, газирано и зачинето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа