Голем и тежок празник: Што не смее да се прави денеска

 

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Иако овој празник не е обележан со црвена боја, многу е важен за верниците, а некои го слават како домашна слава, па на овој ден не се работат тешки работи.

Тропар
Мачениците Твои, Господи, во своите страдања примија нетлени венци од Тебе – нашиот Бог. Имајќи ја, пак, Твојата поткрепа, ги победија мачителите и немоќната дрскост на демоните ја скршија. По нивните молитви, спаси ги душите наши.

Кондак
Откако најдовме прибежиште во твојата брза и непобедлива заштита, Христов страдалнику, ние верните кои те воспеваме, молиме да се избавиме од вражјите соблазни, и од секакви несреќи и опасности, за да повикуваме: Радувај се, маченику Георгие!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега