Пред нејзини очи загинаа повеќе од 20 лица, а момчето и почина од предозираност: Аријана Гранде призна дека е болна
мериканската пејачка Аријана Гранде повторно има сериозни здравствени проблеми и со месеци не може да го излекува грлото и има страшни главоболки. Пејачката изјавила дека не може да сфати што се случува со нејзиното тело.
Уште во мај Гранде ги откажа концертите на Флорида бидејќи нагло се разболе. Тогаш сè се припишуваше на алергиските реакции поради кои ѝ се затворило грлото, како и на менталните проблеми по терористичкиот напад пред неколку години, кога од бината во Манчестер беспомошно гледала како умираат 22 луѓе за време на нејзиниот концерт.
Во саботата на фановите преку Инстаграм пејачката им навести дека здравјето пак ѝ се влошува.
„Уште сум многу болна. Не ми е добро уште од последниот концерт во октомври во Лондон“, напиша Гранде.
Потсетуваме дека на концерт во Манчестер, непознат напаѓач активираше бомба, по што загинаа 22 лица, а повредени беа 59 лица.
Друга трагедија која ја погоди пејачката беше кога нејзиото 26 годишно момче Мек Милел почина од предозирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа