Гледачка ја воочила чундата испакнатина на вратот на водителката додека гледала емисија: „Ме спасивте, ви благодарам“

 

 

Телевизиската новинарка Антоинет Латуф раскажала дека гледачка ѝ воочила потенцијално смртоносна циста на вратот за време на една емисија и со тоа ѝ ја спасила кариерата.

Антинет е мајка на две деца и новинарка на австралиски канал Нетворк 10, која додека ја водела својата вообичаена емисија, една гледачка ѝ ја воочила цистата.

Нејзиниот уредник после емисија ѝ се јавил и ѝ ја пренел пораката на загрижената жена која своето сомневање за цистата го испратила на службената Фејсбук страница на емисијата.

„Дали Антоинет Латуф ја прегледала тироидната жлезда? Не се правам паметна и не тролам, само сум загрижена од она што го видов денеска на ТВ“, напишала Внди Мекој во приватна порака.

Венди признала дека не е докторка, но рекола дека испакнатоста потстетува на еден нејзин познат случај. 

Антоинет признала дека на почетокот се насмеала на пораката, но потоа уште еднаш ја погледнала снимката и многу се загрижила.

„Бев шокирана. Изгледаше како да имам Адамово јаболко. Нешто дефинитивно ми штрчеше од вратот“, рекла таа.

Со оглед на тоа дека има семејна анамнеза на рак на тироидна жлезда, Латуф одлучила да го посети својот доктор.

„Три вадења на крв, ултразвук и ЦТ подоцна, испадна дека имам голема циста која треба да се оперира, како автоимуна болест“, рекла таа.

Цистата не е канцерогена, вели Латуф, но ако не се лекува може да влијае на способноста на дишење, голтање и говор.

„Ова најчесто се појавува во младост, а како цистата расте, почнува да врши притисок на другите витални органи во вратот. Жените се во поголема опасност, затоа што ако не ја лекуваат може да влијае на нивното психичко здравје, тежината, косата и ноктите, заморот, гласот, силината на мускулите, здравјето на коските, отчукувањето на срцето, па и во некои случаи да резултира со смрт“, објаснила Латуф.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега