Русинка станала мајка на 13. години - го напуштила училиштето и станата Јутјуб ѕвезда

 

Полина Фестова е новата ѕвезда на Јутјуб сцената и тоа затоа што одлучила јавно да проговори за своето несекојдневно искуство. Иако има само 13 години, таа е веќе мајка, а милиони луѓе дознале како изгледа тинејџерска бременост благодарение на нејзините видеа.

Русинката својата бременост долго ја криела од родителите, а таткото на детето одбил да има било што со неа.

-Ме блокираше на сите социјални мрежи па одлучив со него да разговарам лице во лице. Го фатив на училиште и му реков дека сум бремена очекувајќи поддршка. Наместо тоа, добив навреди - раскажала Полина.

После тоа бременоста долго ја криела, се до 35. недела кога нејзината мајка сфатила што се случува. Во своите видеа раскажала и за врсничките насилства кои ги трпела.

-Отсекогаш сите ми велеа дека сум дебела, грда и дека сум лоша. Никогаш никој не сум повредила, а постојано ме навредуваа и понижуваа - вели Полина и додава.

- Не смеев никому да кажам. Бегав од училиште и се криев од сите. Потоа се плашев дека можеби нешо не е во ред со бебето. Навечер плачев, а не знаев како да им кажам на родителите. Сите во семејството сме крупни, па никој не се прашуваше зошто се дебелам и не забележуваа дека сум бремена - вели Полина.

Сепак, еден ден нејзината мајка сосема случајно дознала дека е бремена.

-Мама ме прегрна и токму тогаш бебето клоцна. Мама го почувствува тоа и сфати што се случува - открила Полина.

После тоа мајка ѝ ја однела на лекар и дознала дека е бремена 35. недели и дека носи девојче. Полина со својата мајка го одбрала името за бебето - Илијана.

Бидејќи го напуштила училиштето, Полина одлучила да заработува преку Јутјуб. Кога ќе собере доволно пари, планира планира да си плати училиште за фризерка за да може да ја издржува својата ќерка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега