ФОТО: Пред 2 години се појави на Инстаграм и беше прогласена за најгрда жена на светот - секој ден добива навреди
Кога 27-годишната Германка Илка Брул се појавила на Инстаграм, добила само критики и навреди, а потоа била прогласена и за најгрда девојка на светот.
Илка не дозволила тоа да ја поколеба во намерата да го покаже своето лице на светот и да докаже дека убавината има различни лица.
Таа одлучила низ сопствената приказна да ги охрабри другите, па и по цената самата да трпи навреди.
-Мојата мисија беше да го потсетам светот дека сите сме убави - порачала таа на Инстаграм.
Илка живее тежок живот откако се родила.
-Родена сум со расцеп на устата и непцата, а носната шуплина не ми е добро формирана. Покрај тоа, немав десна страна од каналот за солзи и затоа солзите постојано ми течеа, немаше што да ги запре - раскажала оваа млада жена.
Тешкото и ретко пореметување со кое е родена значело дека ја чекаат низа комплицирани операции. Сите ги поминала, некои допрва ја чекаат. А, таа вели дека од секоја излегува со повеќе сила и самодоверба.
Нејзината Инстаграм приказна започнала случајно, пред две години кога нејзините пријатели направиле неколку нејзини фотографии.
- Беа тоа професионални фотографии и посакав да ги споделам со светот. Тогаш сфатив дека всушност сакам да го покажам своето лице на светот и која сум јас всушност - рекла Илка.
Нејзината мисија е вели, да ги мотивира другите да излезат од своите засолништа и да се покажат пред луѓето.
- Да, ми велат дека сум грда, но јас велам дека постојат само грди души. Никој не би требало да се крие поради тоа како изгледа - рекла оваа млада жена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа