Ипуштање гасови: Што телото кажува со оваа непријатна појава

 

Бактериите предизвикуваат ферментација, односно разградување на храната која ме ја изеле Тој процес започнува во желудникот и после тоа во дебелото црево, но понекогаш се продолжува и во тенкото црево поради што доаѓа до ослободување на гасови кои ги исфрламе во облик на напријатни ветрови.

Причина за тоа може да биде вироза, но и исхраната. Ако почувствувате надуеност и тежина во стомакот, избегнувајте намирници кои подуваат, како што се авокадо, сливи, грав и леќа, кромид и лук.

Јадете на брзина

Ако имате навика да јадете брзо или да зборувате додека уживате во оброкот, за време на јадењето голтате повеќе воздух. Воздухот помешан со храната доаѓа до желудникот и предизвикува надуеност, а со тоа и ослободување на гасови.
Што повеќе воздух внесувате во телото толку стомакот повеќе ќе ви се надува.
Поголемиот дел од нив ќе ги исфрлите со подригнување, а делот кој ќе помине низ остатокот од дигестивниот систем ќе излезе во облик на ветер.

Интолеранција на храна

Иако можеби во текот на целиот живот сте уживале во млеко и млечни производи без никакви проблеми, тоа во текот на животот може да се промени. Телото лесно може да стане интолерантно на лактозата во овие намирници и не може да ја свари, поради што може да се чувствувате подуено и тромаво и да испуштате ветрови.
Истото важи и за глутенот – состојка на бројни житарици кои со интолеранција станува несварлив и предизвикува проблеми во варењето, а со тоа создава и гасови.

 
Нередовно одење по голема нужда

Вршењето на голема нужда е од клучно значење за здравјето на нашиот организам. На тој начин од телото се исфрла остатокот од храната која не му е потребна. Но, ако отфрлената храна остане предолго во дигестивниот тракт, бактериите кои си ја вршат работата предизвикуваат ферментација и ослободување на гасови кои се собираат во цревата.
На крајот излегуваат во облик на ветер со непријатен мирис. Доколку имате проблем со варењето пијте многу течности, почнете да вежбате и прехраната освежете ја со намирници богати со влакна.

Тешка храна и газирани пијалаци

Храната која ја внесувате во организмот во него останува долго и за време на процесот на варење, кој започнува во устата, поминува низ бројни промени. Пржената и мрсна храна е многу тешка за варење па долго се задржува во цревата.
Со тоа за време на варењето се ослободува голема количина на гасови кои предизвикуваат непријатни ветрови. Истото важи и за газирани и слатки пијалаци кои во себе содржат меурчиња и со тоа го отежнуваат процесот на варење.

Антиоксидансите и витаминот Ц се најважни состојки на кивито. Количината на витамин Ц во 100 грама киви е дури 98 мг, што е двојно повеќе од лимонот и портокалот. Кивито се препорачува да се конзумира наутро.Нарушување на бројот на бактериите
Бактериите предизвикуваат ферментација, односно разградување на храната која ја јадеме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега