На Германија ќе ѝ бидат потребни 400.000 работници, но не секој Балканец ќе може да замине да живее таму

 

До 2060 година на Германија ќе ѝ бидат потребни 400.000 работници, но не секој Балканец ќе може да замине во оваа земја и да работи, затоа што правилата се менуваат. 

Директорот на одделот за истражување на миграција, во Федералното Биро за вработување во Германија (IAB), Херберт Брукер, изјавил дека земјата треба да го отвори пазарот за нови вработувања и за нови места, затоа што изворот за нови работници од Источна и Јужна Европа веќе е максимално употребен.

Германски експерт за миграција вели дека до 2040 година, околу 35 проценти од германската популација ќе има туѓо потекло.

Приливот на нови работници од Источна и од Јужна Европа веќе е максимално употребен. Познавањето на германскиот јазик и возраста ќе бидат новите услови кои ќе стапат на сила од 1 март 2020 година за луѓето од Балканот кои сакаат да работат во Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега