Дерматолозите тврдат дека со сапун треба да се мијат само пет делови од телото - се останато треба да се избегнува
За сите нас туширањето е секојдневна рутина која не ја прескокнуваме ни тогаш кога едвај стоиме на нозе од замор, а можеби звучи необично, но експертите велат дека дури и за ваква едноставна навика постојат „правила“ кои е добро да се испочитуваат.
На прво место експертите тврдат дека туширањето еднаш дневно е сосема во ред и дека повеќе од тоа не е потребно.
„И јас лично сакам два пати на ден да се истуширам, но тоа сепак не се препорачува“, истакнала германската докторка Ута Шолсергер која е специјализиран дерматолог.
Таа советува и да се користат исклучиво пх-неутрални сапуни за да се зачува заштитниот слој на кожата, а додава дека со сапун треба да се измијат само пет делови од телото:
-пазувите
-дланките
-стапалата
-средината на градите
-грбот
За останатите делови на телото експертите препорачуваат да користите чиста, но мокра крпа. Исто така истакнуваат дека температурата на водата не смее да биде поголема од 35 степени, за кожата да не се исуши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа