Отстранете ги брадавиците од кожата со неколку природни намирници
Брадавиците се непријатни израстоци кои се појавуваат на кожата и најчесто се предизвикани од вирусни инфекции. Најчесто се појавуваат на рацете, дланките, прстите, нозете, во пределот околу вратот, а има и случаи каде брадавиците се појавуваат на гениталните органи, од каде многу тешко можат да се отстранат.
Постојат повеќе медицински начини за отстранување на брадавиците, на најчесто поголемиот дел од нив или се неуспешни или пак се болни и многу непријатни.
Природниот начин на лекување секогаш е подолготраен од медицинскиот, но затоа пак со него се избегнуваат сите непосакувани болни и непријатни моменти и на некој начин е гаранција дека брадавицата повторно нема да се појави или прошири.
Лук
Свежо чешне лук исечкајте го на ситни делови и ставете го директно на брадавицата која претходно треба да ја намачкате со несолена свинска маст. Над лукот ставете фластер и постапката повторувајте ја неколку денови со ред.
Лушпа од банана
Исечете мало парче од лушпа од банана и со внатрешната страна прекријте ја брадавицата. Над лушпата ставете фластер и постапката се повторува додека брадавицата не исчезне.
Сок од глуварче
Прекршете го кревкото стебленце на глуварчето и со белата течност премачкајте ја брадавицата а над течноста ставете фластер. Постапката се повторува до исчезнување на брадавицата.
Кора од брезово дрво
Мало парче од кората од брезата се поставува директно врз брадавицата и местото се прекрива со ткаенина или со фластер. Постапката се повторува неколку пати.
Смоква
Сокот кој го испушта растението смоква многу успешно помага за отстранување на брадавицата. Со него редовно неколку дена треба да се премачкува местото и да се става фластер.
Босилек
Изгмечете неколку листови од оваа ароматична тревка и со нив директно тријте го местото со брадавица. Можете листовите да ги ставате директно на брадавицата и местото да го превиете со завој.
Кантарион
Подготвен како сируп (30 гр. цветови да вријат половина час на тивок оган со една чаша маслиново масло, да отстојат 2 часа и да се процеди течноста). Од добиениот сируп се става како облоги над брадавиците онолку дена колку е потребно сѐ додека брадавиците не исчезнат.
Компир и кромид
Со свежо пресечен компир се протрива местото неколку пати во текот на денот, најмалку две недели со ред. Исто и протривање со свежо пресечен кромид е одличен лек против брадавици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа