Свекорот Кеба јавно ја поддржа Северина: „Криминал е да се одземе дете од мајка“ (ВИДЕО)

 

Семејството на Северина Којиќ е тажно поради расплетот на судската битка за старателство над нејзиниот син Александар.

Откако судијката од судот во Загреб, Теа Голуб, донесе пресуда по која синот на пејачката и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ понатаму ќе живее со таткото и тој самостојно ќе се грижи за неговото здравје и образование, пејачката не излезе со никаква изјава.

Синоќа, нешто по 20 часот, синот го предаде на Минал Поповиќ, а утре ќе може повторно да го види.

Поддршка на Северина, јавно и пружи нејзиниот свекор, Драган Којиќ Кеба.

„Криминал е и преседан по седум години да и се одземе дете на мајка. И таа „војна“ најмногу му штети на детето, бидејќи детето кога доволно ќе порасно лесно ќе одлучи на кого ќе му посвети време. Тоа ќе го реши малиот Александар кој предвреме ќе стане Голем Александар. Го видов тоа и ја почувствував неговата мудрост во неговите искрени детски очи. Ќе даде Бог, Ќе биде се во ред“, напишал Кеба споделувајќи видео во кое говори колку ја поддржува Северина како мајка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега