Природни намирници за чистење на замастен црн дроб
Црн дроб кој се „гуши“ во масти и не е така мала работа за занемарување. Може да се јави кај луѓе од различни возрасти, па затоа споделуваме информации кои може да помогнат. Еве кои намирници за чистење на замастен црн дроб треба да ги консумираме почесто!
Црниот дроб е најважен метаболички орган. Тој е чувар на витамините и филтер на токсините од организмот. Ако во клетките на црниот дроб се наталожат масти, тогаш тој станува замастен и има проблем кој треба да се реши. Потребно е да се исчисти!
Природни намирници за чистење на замастен црн дроб 2
Чаеви
Има чаеви кои помагаат, а ни се лесно достапни и на располагање. Чајот од глуварче, од ѓумбир, зелениот чај, нането, жалфијата, сите тие се ефикасни чистачи на црниот дроб.
Маслиново масло
Ова масло не заостанува со својата делотворност. Се препорачува да се пие по 1 лажица наутро на празен стомак.
Суво грозје
Повеќе пати се покажало како ефективно во отстранување на мастите од црниот дроб. Треба да се консумира измиено и претходно ставено за време од неколку минути во вода која врие, а потоа исцедено. Исто така, може да се прават облоги со течноста на десната страна на стомакот.
Сок од морков и цвекло
Комбинираниот сок од морков и цвекло исто така има позитивно влијание за лечење на црниот дроб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа