Хрватскиот водител на прашањето за “Северна” во “Кој сака да биде милионер”: “За мене секогаш ќе биде Македонија”
Популарниот водител Тарик Филиповиќ го искажал својот став за „Северна Македонија“ во хрватскиот “Кој сака да биде милионер?”.
Имено, учесничката во квизот добила прашање кое гласело: “Што е “производ” од состанокот на Преспанското езеро во јуни 2018 година?”, а по нејзиниот точен одговор се огласил и самиот Тарик кој изјавил дека многу ги сака Македонците:
“Одговорот е точен, знам дека целиот свет го прифати, но јас многу ги сакам Македонците и Македонија и за мене секогаш ќе биде Македонија, тоа е мое право”, изјавил Тарик на квизот кој се емитува на Хрватската телевизија.
01.12.2019 - 14:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа