Потресна исповед на Марина Туцаковиќ: 11 години по смртта на синот не сака да ги знае резултатите од обдукцијата
На први декември навршија 11 години откако Милош Радуловиќ, синот на Марина Туцаковиќ и Александар Футе Радуловиќ беше пронајден мртов во семејната куќа во Белград.
Милош бил погребан три дена подоцна на Нов Белград.
Марина со години молчела за оваа болна тема, се до 2018 година, кога истакнала дека за неа тоа бил најтежок момент во животот. Неговото безживотно тело го пронашла токму таа.
„Влегов во неговата соба и го затекнав тоа што го затекнав. Тогаш Милош имаше 24 години. Тоа се случи на први декември. Секогаш сум имала став дека нешто ќе му се случи. Кога ви оди детето на екскурзија па се плашите дали безбедно ќе пристигне. Секогаш имате страв за луѓето кои ги сакате“, рекла своевремено Марина.
„Интересно, јас таа ноќ..Он беше многу весел, толку се смеевме, не можев да имам лошо претчувство. Колку имав стравови претходно...И ете токму тоа се случи тоа на што сигурно тогаш не се надевав. Не го очекував. Тој ден требаше да одам во жирито на една емисија. Тоа беше момент на лудило и трезвеност“, додала Туцаковиќ.
Милош пред 11 години легнал да спие, но веќе никогаш не се разбудил. Кога Марина го пронашла неговото тело, тој бил модар, а Брзата помош можела само да установи смрт.
Во еден разговор со новинарите Марина рекла дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата, затоа што тоа не ? е важно.
„Не сакав да ги видам резултатите од обдукцијата. Што ми значи тоа? Дали тоа било срцето, дали нешто го зема...Каква врска има. Тоа не ми е важно. Јас со моите деца бев 24 часа. Имаа се, водев сметка, но ете, друштвото ги повлече...Ако некој бил заедно со тие деца. особено со Милош во тие ситуации, тогаш тоа бев јас. Јас после неговата смрт не работев неколку месеци. Имав поддршка, но музиката ми е во крвта и продолжив“, изјавила Марина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа