Сите благодети на Божиќниот пост: Како влијае врз здравјето и што треба да се јаде
Постот се состои од воздржување на мрсна храна, лоши мисли, непримерни желби, молитви и правење добри дела.
Големиот Божиќен пост е еден од најдолгите и најважни во годината, започнува на 28. ноември и трае до 7. јануари.
За тоа време врениците треба да се придржуваат на специјалниот режим на исхрана, односно својата духовна сила да ја поткрепат со телесно воздржување од силна мрсна храна.
Многумина овој период го гледаат како можност да изгубат по некој килограм повеќе, но овој посебен начин на исхрана има поголемо значење за телото само ако се применува на правилен начин.
Еве како постот влијае врз здравјето и севкупната состојба на организмот, кои се неговите благодети и како треба да се подготвуваат и конзумираат намирниците.
Постот не е само воздржување од намирници од животинско потекло. Многу е важна умереноста во нивното конзумирање, како и начинот на подготовка и изборот на намирници. Прифатливо е да се внесува свежо овошје и зеленчук, намирници од цело зрно, сирово јаткасто овошје и семки со мала количина ладно цедено и суво овошје. Битно е да се конзумира доволно вода и умерена количина незасладени чаеви. Намирниците треба да се јадат што посирови, а приватливо е и обарување.
Многу е важна количината на намирници кои се конзумираат за време на постот. Совет е да се преполови вообичаената количина храна која ја конзумираме, да се изостават солени и слатки грицки, засладени и енергетски пијалоци, алкохол, како и голема количина кафе. Користењето на масло и раститњелни масти исто така треба да се сведе на минимум, а целосно да се заборави на пржење и печење на маст. Брзата храна задолжително да се прескокне.
Постот во христијанството значи многу повеќе од начин на исхрана, затоа што подразбира умереност и благост во различни области од животот. Добрите мисли и дела упатени кон другите луѓе, анализирање на сопствените мисли и постапки, се суштина на овој пост. Тоа е еднакво важно како и молитвите и другите христијански религски обичаи, а сите тие заедно влијаат врз менталното и физичкото здравје.
Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведување Пресвета Богородица, дури и ако празник падне во среда или петок.
Последната недела од Божиќниот пост - постите се строги, без употреба на риба, по мпжност на вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа