ВИДЕО: Славниот фудбалер вмешан во скандал - ја претепал својата девојка и ја влечел по под

 

Фудбалерот Џонатан Кристалдо привлече внимание од јавноста, но не поради спортскиот талент, туку поради насилничкото однесување и фактот дека ја претепал девојката Морела Де Лас Херас.

Атрактивната 28-годишната девојка го обвинила Кристалдо, инаку некогашен репрезрнтативец на Аргентина, за физички напад, а како доказ прилоѓила фотографија која ја објавила на социјалните мрежи.

На фотографијата таа покажа дека има огромна модринка под окото, но деталите за нападот се многу поужасни.

Се се одиграло минатата недела во нивниот заеднички дом во раните утрински часови, а Морела тврди дека Џонатан наводно од чиста мира ја удрил по глава, а после тоа ја влечел по подот од кујната, додека таа врескала и повикувала помош.

Покрај селфито, таа објавила и снимка на која е вознемирена, во солзи после инцидентот и објаснува што се случило.

Фудбалерот бил приведен, а одредено е дека не смее да се приближува до Морели најмалку 300 метри во наредните 150 дена.

Инаку, парот досега имал складна врска без скандали и трачеви, а заедно имаат и две мали деца.

Кристалдо досега не се огласувал по ова прашање, а неговиот фудбалски клуб го суспендирал.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Морелла Де Лас Ерас (@moredelasheras) on Oct 19, 2019 at 7:09pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега