Драма на свадбата на Вељко и Богдана: Таткото на Цеца завршил на Ургентен

 

Таткото на Цеца Ражнатовиќ, дедото на Вељко, морал да ја напушти свадбената веселба на внукот поради здравствени проблеми, а српските медиуми откриваат дека на Слободан Величковиќ му се слошило и бил примен на Ургентен.

-Слободан се чувствуваше лошо на свадбата, не можеше да стои од болки, но на почеток не сакаше никого да вознемирува за да не ја расипува веселбата. По граѓанската венќавка сакаше тивко да ја напушти веселбата и го замоли возачот да го однесе дома, вели неименуван извор за „Српски телеграф“.

Истиот извор додава дека следниот ден на дедото уште повеќе му се слошило.

-Го однесоа веднаш во Ургентен центар. Не би отишол во болница да не го натераше Цеца. Утврдила дека има тешко воспаление на целиот организам и дека му се случил сериозен колапс. Докторот кој го примил, кој инаку е семеен пријател, изјавил дека Слободан има воспаление на цревата, желудникот, панкреасот. Покрај ова имал и висока температура, истакнува детали изворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега