Руската кралица на модата ги запрепасти сите со објавата: „Ми додоа уште 7 месеци живот“
Мирослава Дума во јавноста е позната како претприемач, модна икона и мајка на три деца. Кариерата ѝ започнала кога имала само 26 години, кога покренала медиумска платформа и изградила дигитално царство. Оваа успешна 34-годишна жена шокирала со последната објава на Инстаграм во која открила низ што се поминала последните месеци.
Имено, како што објаснила, лекарите оваа година ѝ дијагностицирале ретка болест на белите дробови и прогнозирале дека има само 7 месеци живот.
„Беше тоа застрашувачки да се слушне, но гледајќи наназад, сфаќам дека изминатите месеци закрепнување можеби беа најсреќните во мокјот живот. Оде3днаш престанав да трчам и сфатив колку го сакам животот и колку сакам да останам овде, со луѓето кои ги сакам. Првпат во животот видов сино небо и се будам среќна затоа што имам ден за живеење пред мене. Не барам повеќе од тоа“, рекла таа.
Додала дека целиот живот трчала по одобрување и лајкови, а во вистинскиот и во виртуелниот свет, не сфаќајки дека прво мора да се засака себеси.
„Годините самокритика, диета, години со емотивен, ментален и физички притисок целосно го уништија мојот имунитет, толку што смртно се разболев. Сепак, сега сфаќам дека тие месеци воедно биле и најкреативни во моите 34 години живот. Мојот денешен успех не се мери со надворешните показатели, туку со внатрешните. Тоа се мери со моето здравје и здравјето на луѓето кои ги сакам. Тој мој успех се мери со начинот на кој одлучувам да допринесам во светот“, заклучила Мирослава, која последните години фасцинира со својот успех.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа