Баба Ванѓа имала точно предвидување- ново пророштво за 2020 година
Позната како баба Ванѓа го напушти овој свет во 1996-та година, а тоа што го предвидела за животот нè тера малку да размислиме.
Позната и како “Балканскиот Нострадамус“ наводно ги предвидела цунамито во источна Азија во 2004-та година, нападите на 11-ти септември 2001-та година па дури и појавата на Исламската држава.
Според пророштвото на баба Ванѓа, во 2020-та година во Европа ќе има многу помалку население, речиси ќе биде ненаселена што ќе биде последица на голема светска војна.
Земјите во развој ќе се претворат од експлоатирани во експлоататори, а три години подоцна, во 2023-та година орбитата на Земјата значително ќе се промени, а во 2025-та година во Европа ќе има уште помалку жители.
Таа предвидела дека во 2028-та година луѓето ќе полетаат кон Венера, а ќе бидат пронајдени и нови извори на енергија.
Пет години после тоа во 2033-та година ќе се зголеми нивото на светките океани како резултат на топењето на мразот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа