Чудо: На пикник паднале во ледено студена вода и умреле, а после шест часа нивинте срца почнале да чукаат (ВИДЕО)

 

Кога група ученици од данско училиште во 2011 година на 11 септември тргнале на пикник се чинело дека ќе имаат идиличен ден на море.

Неколку ученици паднале во ледено студената вода и сите мислеле дека починале. Нивните дрца не чукале неколку часа.

Меѓутоа во најнеобичен случај некогаш случен, сите седум деца преживеале.

Кетрин била една од учениците кои се нашле на тој чамец. Било премногу студено, а водата била под 2 степени.

Чамецот во еден момент се превртел и децата паднале во вода.

„Се сеќавам дека беше студено, а водата беше ледена. Јас паднав под цамецот, а кога испливав почна кошмарот. Сите викаа и беше нереално. Владееше паника. Наставничката ни рече дека мора да пливаме или инаку ќе умреме“ рскажала Кетрин.

Чамецот се превртел на неколку километри подалеку од брегот. Тешко дека некој можел да ги види.

Таму бил и Каспер кој рекол дека не можел да плива, па еден другар се обидел да им помогнат.

Срцето на Каспер застанало, тој бил едно од цеата кои биле технички мртви.

Иако добиле хипотермија успеале да стигнат до брегот, но таму се загубиле во шумата.

„Немав сила во нозете и само паѓав и тогаш помислив„ок сега ќе умреме“ тогаш видов еден маж, кога го видов вриштев на цел глас“ рекла таа.

Маж ги спасил и ги одвел до лекар, но од моментот на несреќата па дур стасаат во болница поминале два часа.

„Беа ужасно студени. Кога сте ладни како што беа тие, знаевме дека мора брзо да реагираме. Мртви се, но не се навистина мртви, имавме шанса- навел лекарот.

Екстремитетите поради хипотермија го забавиле отчукувањата на срцето. Тоа значи дека нивните органи можеле да почнат да работат кога ќе се загреат.

„Во тој момент почнавме да ја загреваме крвта, по еден степен на 10 минути“ рекол лекарот.

Требало да помине 6 часа од несреќата за срцето да почне да чука.

„Каспер имал 17,5 степепени кога дојде, се опорави и маше нормално отчукување на срцето на 26 степени“ рекол лекарот.

Сепак без доволно кислород изумираат мозочните келии, два милиони секоја минута, па со тоа лекарите добиле нов фокус- мозок.

За среча, скенерите не покажале никакво оштетување на мозокот, децата се разбудиле од кома после неколку дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега