Миоми на матка се почест проблем и кај младите - спречете го растот на природен начин
Миомите се бенигни израстоци на матката, кои можат да бидат причина за анемии, менструални проблеми, вртоглавици и сл.
Како да го спречиме нивниот раст на природен начин и да не дозволиме нивно напредување? Еве неколку совети...
Намалете со месото, зачестете со рибата
Рибата е одличен избор за намалување на растот на миомите. Таа има антивоспалителна реакција на организамот и не дозволува надразнување на миомите. Скушата, лососот и туната се одличен избор...
Овошје и зеленчук, а помалку пороци
Свежите овошја и зеленчуци имаат ензими кои го отстрануваат фибринот и не дозволуваат прогредирање на миомот. Освен тоа избегнувајте брза храна богата со заситени масти, престанете со пушењето и намалете го алкохолот. Ова се најважните правила за да го спречите растот на миомот.
Намален естроген - намален миом
Со намалување на внесувањето на естроген во организмот ќе го намалите и миомот на природен начин.
Ова подразбира откажување од таблетите кои се на хормонска база, вклучувајќи ги и контрацептивните таблети.
Намалете го стресот - спијте повеќе
Ако стресот е поголем во телото, тоа може да го исцрпи прогестеронот и да доведе до навала на естроген во организмот. Затоа користете некоја техника за намалување на стресот, пред се спијте доволно, ова е една од најефективните техники...
Тежината право пропорционална со големината на миомот
Според некои истражувања, слабеењето на телото може природно да доведе до намалување на миомот. Затоа доколку имате проблеми со телесната тежина веднаш започнете со режим за нејзино намалување...
Рецепт за детоксикација
Детоксикацијата е важна не само за намалување на миомите туку и за здравјето на целото тело.
За детоксикација на организмот употребете го следниот едноставен рецепт. Земете 2 големи лажици природен јаболков оцет и помешајте ги со 250мл вода.
Преку секојдневна конзумација на овој раствор ќе овозможите правилна детоксикација на организмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа