Направете сами течност за чистење на мраз од стаклото на автомобилот - снегот ќе лизга од него
Постојат разни совети како да стопите мраз од стаклото на автомобилот. Меѓутоа постои мешавина која ќе ви помогне за само неколку секунди да го решите овој проблем. Во пластично шише со распрскувач ќе сипете 2/3 медицински алкохол, 1/3 вода и една голема лажица детергент за садови.
Важен е редоследот по кој ќе ги сипете состојките. Прво ставете го алкохолот, потоа детергентот и на крај топлата вода. Затворете го шишето, протрреесете ја содржината и домашниот производ е подготвен. Течноста после првобитното отстранување на мразот уште некое време ќе го штити стаклото од замрзнување, додека снегот ќе лизга од него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа