По рецепт на нашите баби - Направете си дома кантарион кој лекува се
Кантарионот го има од дамнешни времиња во сите бабини рецепти и лекови.
Кантарионот расте на ливади, кај нас во Македонија го има во изобилство, и помага за многу проблеми, а богат е и со витамин Ц и каротен во составот.
Помага за зараснување рани, кожни проблеми и за исечените и изгореници.
Кантарионот има и антидепресивно дејство, а исто така помага и за страв и промени со расположение.
Помага и при чиреви, како и при убоди.
Помага и за проблеми со срцето, како и за проблеми со желудникот и варење на храната.
Користете го често, има многу благодети за телото и секој може да си го направи дома.
Земете децилитар маслиново масло и ставете една лажица кантарион во него, па оставете ја така смесата да стои неколку дена за да се впие убаво. Кога ќе добие црвена боја, значи дека е подготвено за користење.
Извор: Готви.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа