ФОТО: Драма на свадба во Велика Британија - кумот ја удрил невестата и ја влечел по скали

 

Свадбата треба да биде најубавиот момент за младенците и нивните семејства, особено откако започнува пролавата. Но, Ерин Мејсон Џор од Обединетото кралство имала свадба каква сигурно нема со задоволство да ја прераскажува на внуците.

Имено, нејзе кумот ја удрил, ја зграбил за венчаницата и ја влечел по скалите. Освен што бил кум на свадбата, Томос Ридан Вилсон бил и брат на младоженецот. Откако ја нападнал невестата, ги нападнал и нејзините две сестри и мајка ѝ, и рекол дека неговиот брат Стефан никогаш не требал да се ожени со неа.

Нападот се случил кога семејството се обидело да му помогне на пијаниот младоженец да оди во соба после свадбата, после што Томос почнал да ја навредува невестата и нејзиното семејство.

Рекол дека неговиот брат Стефан не е повеќе Вилсон затоа што се оженил со Ерин Мејсон-Џорџ. Го нападнал и менаџерот на хотелот, па уништил и дел од имотот на хотелот.

Братот на младоженецот се бранел тврдејќи дека за сѐ е виновна невестата и дека полудел кога ја видел како му удира шлаканици на неговиот брат и го пцуе затоа што се напил и не може да се движи.

Другиот кум Хари Вилсон, кој исто така сведочел, тврдел дека тој ја видел невестата дека го удира младоженецот и му велела дека е време за кревет, и дека Стефан паднал по скалите.

Откако биле прелушани сите сведоци и прегледани доказите, Судот го прогласил Томос за виновен за напад и уништување, па сега мора да плати отштета а невестата, како и на нејзиното семејство, пишува Дејли Меил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега