Какво кафе пиете наутро - со еден додаток може да биде опасно по здравјето

 

Традицијата на секое пиење кафе подразбира и кафе со млеко, но дали некогаш сте се запрашале дали, и во која мерка, намирниците кои содржат лактоза и/или кофеин се штетни за организмот? За да го дознаете тоа, сепак е потребно да се направат одредени истражувања кои ќе придонесат за здрав живот!

Нетолеранцијата на лактоза во 50 посто од случаите е генетска предиспозиција

Нетолеранцијата на лактоза е невозможност или  намалена способност на варење на млечниот шеќер - лактоза. Лактозата со помош на ензимите на лактаза (ензим кој ја разградува лактозата) во дигестивниот тракт се разградува на составни делови. Ако во организмот недостасува лактаза за споменатиот процес, неразградената лактоза стигнува во дебелото црево каде создава киселина и гасови.

Несварената лактоза може да предизвика спектар на симптоми и тоа во рок од 30 минути до два часа после конзумирањето на млечниот производ. Симптомите може да варираат од благи до тешки, а вклучуваат тешкотии како болка во стомакот, грчеви, надуеност, мачнина, проблеми со дијареа, што значајно влијае на квалитетот на човечкиот живот.

Зачестеноста на генетичката предизпозиција за нетолеранција на овие простори изнесува дури 50 посто. Доколку ги имате горе наведените симптоми после конзумирањето на млеко или млечни производи, секако треба да направите тест на нетолеранција на лактоза. Резултатите на таквиот тест овозможуваат што порано да се воведе адекватна искхрана која би ги намалила дигестивните тешкотии.

Дали сте „брзи“ или „бавни“ метаболизатори на кофеин?

Кофеинот е основната активна состојка на кафето, но може да се најде и во какао, чај, и сродни хранливи препарати како што се чоколада, сокови, енергетски пијалоци и во некои лекови.

Доколку го користите кофеинот во мали количини, тој ќе ве разбуиди и според многу истражувања влијае позитивно на здравјето. Но, доколку конзумирате кофеин во поголеми количини мора да знаете дека тој може да има токсичен ефект. Некои луѓе се „брзи“, а некои „бавни“ метаболизатори на кофеинот. Лицата со полиморфичен ген CYP1A2 имаат забавен метаболизам од кофеинот и со самото тоа и поголем ризик од настанување на срцев удар. Доколку спаѓате во оваа група, две до три шолји кафе ќе го зголемат ризикот за три пати, а такви резултати се забележани посебно кај лицата помлади од 59 години.

Одредувањето на наследниот капацитет за метаболизам на кофеин, секој може да ја прилагоди количината на земено кафе и на тој начин да живе здраво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега