Дарко Лазиќ со нарушено здравје- му откажуваат бубрезите и срцето
На српскиот пејач Дарко Лазиќ здравјето повторно сериозно му е нарушено, поради моменталната тежина.
-На Дарко му откажуваат виталните органи. Најзагрозени му се бубрезите и срцето. Постојано го притискаат градите и се гуши, а го боли и целата лева страна. Тој може да ослабне, но салото ќе остане да му виси, затоа најдобро решение е да ја промени исхраната и да оди на липосукција. Едноставно, сè подебел и подебел е, вели негов пријател за „Свет“.
Тој додава и дека толкав притисок не можат да издржат ни неговите колења, ни нозете, а камо ли вештачкиот колк.
13.12.2019 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа