Даниел за една година потрошил само 500 денари на храна: Открил на кој начин секој ден имал повеќе отколку што му требало
Даниел Теј од Сингапур е еден од оние луѓе кои се нарекуваат „фригани“, односно одбивзат конзумеризам и во принцип никогаш н даваат пари за храна, туку ја пронаоѓаат во контејнери во околни големи супермаркети и познати ресторани. Исто така користат и друга отфрлена храна.
Даниел на својот блог пишува за своите намирници и храна која ја собира, а за која не троши ни денар. Најинтересна е неговата приказна за тоа како за една година потрошил помалку од 500 денари за храна. Ви ја пренесуваме во елост:
„Од првиот ден, морав да смислам како ќе се снаоѓам за вода, храна и засолниште. Водата не беше проблем затоа што во Сингапур има многу чешми. Храната беше проблем.Можв да копам по контејнери, но ми требаше некој извор на топлина да ги побијам тие бактерии, а тоа го немав.
Затоа се свтев кон рестораните за брза храна. Земав сѐ што луѓето оставаа зад себе. Полуизедени хамбургери, пилешки крилца, помфрит, стопен сладолед...Се сеќавам дека еднаш во еден ресторан поминав два часа. Токму кога станав да си одам, забележав нов послужавник со остатоци од храна. На крајот толку се прејадов што ми беше мачно.
Покрај тоа, посетував и пекари и ги земав сите производи кои вработените на крајот од денот ги фрлаа.
Во само една пекара земав по 50 производи. Чекав кога затвораат и штом вработените ќе го фрлеа отпадот, истата секунда ја вадев храната.
На некој начин, така и ги поттикнав пекарите во Сингапур да донесат одлука да на крајот од денот своите производи да ги донираат на луѓе на кои им се потребни, но тоа сега е друга приказна.
Покрај тоа, времето го поминував во шопинг молови, лутајќи меѓу масите од рестораните и чекајќи луѓето да станат, а да не завршат со оброкот Штом станеа, јас седнував и продолжував да јадам.
Моето искуство сега го преточив во документарец за тоа колку храна навистина фрламе. Токму пред некој ден на снимање решив да го пробам истото. Влегов во трговски цнтар во потрага по храна, како некогаш, и во рок од пет минути наидов на ваква глетка:
И тоа не е сѐ. Море практично недопрена храна стоеше на масите. Ѝ пријдов на една хигиеничарка и ја прашав зошто толку храна се фрла Ги крена рамената и рече: „Луѓето имаат премногу пари и купуваат повеќе храна отколку што им треба. Потоа ја фрлаат“.
Кога ја прашав дали може да ја изедам, таа ми рече: „Не, ова мене ми се јаде. Ти земи пилешки крилца ако сакаш“. И ги земав. Имаше 10. Се свртев околу себе и видов море отфрлена храна која навистина беше предобра за да биде фрлена“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа