Покажала генијален трик како вади заплеткани влакна од смукалка - жените воодушевени
Нема нешто поиритантно од заплеткани влакна во четката на смукалката, а сега постои многу едноставен начин да се исчисти.
Ако во вашето семејство некој има долга коса, тогаш ви е познато дека после смукањето на теписите, има многу заплеткани влакна на четката на смукалката. Енда блогерка, која на Инстаграм го води профилот Mrs D’s Cleaning Reviews (рецензии за производи за чистење) им покажала на своите следбеници трик со кој таа се служи. Таа заплетканите влакна ги отстранува со евтина игла која кројачите ја користат за шавови на ткаенина. Исто така предупредува никако да не се сечат влакната со ножици или нож, затоа што можете да ја оштетите четката.
Се што треба да направите е да поминете со таа игла низ насобраните влакна и потоа многу полесно ќе ги извадите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа