Потресна исповед на мало момче кое мајка му го оставила: „Мајка ми не сака ниту на Фејсбук да ме прифати“

 

Додека неговите врсници ги мачат некои други работи, 11-годишниот Дејан до училиште пешачи 5 километри. Креветот го дели со баба му, а живее во дрвена куќа во село во Република Српска. Во куќата нема купатило ниту вода, а и често снемува електрична енергија.

Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Имено, пред 4 години неговата мајка ја земала неговата помала сестра и заминала, а Дејан го оставила и повеќе никогаш не се вратила.

Татко му и дедо му работат во рудник и повеќе се на работа отколку дома, па тие двајца со баба му, како што велат на шега, се осудени еден на друг.Татко му спие во куќичката покрај нивната, која некогаш била штала. Дедо му спие на еден кауч, додека тој и баба му делат ист кревет. Поради болки во нозете таа спие седејќи, па не им е тесно. 

Жената која го родила го оставила пред повеќе од 4 години. Едно утро ја земала неговата помала сестра и само заминала. Му однела некој кој најмногу го сакал, кој и понатаму го сака.

„Ја најдов својата мајка на Фејсбук, има нејзина фотографија. Испратив барање за пријатели, но не ме прифати“, рекол Дејан и додал: „Јас знаев што ќе биде“.

Искрено признал дека не знае што би и рекол доколку ја види пак. Сепак знае дека би ја замоли да ја врати сестра му.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега